РАБОТА СО  TEXT BOX  (математички операции ) СО ДЕЦИМАЛНИ (РЕАЛНИ БРОЕВИ)
 

После отворање на нов проект со File ->New->Project  се бира опцијата  Windows Form Application  и се впишува името на проектот.

По отворањето на дијалог прозорецот од алатката
Toolbox се бираат два Textbox-a   и се поставуваат во Form1 [design]  прозорецот.
Потоа со додава еден Button и четири Label (Label1, Label2, Label3, Label4 ) . Двата
Textbox-a  се за внесување на броеви, а лабелита
се за резултатите кои ќе се прикажат на притисок на
Button -от.
 

Прво се вкучува делот за работа на математичките операции (најгоре се допишува #include "math.h"

Потоа на двоен клик на  Button  се внесува следниот код - со цел да се употреби математичка операција (+, -, *, /):

во Label1 да се смести производот од вредностите во Textbox1 и Textbox2;
во Label2 да се смести количникот од вредностите во Textbox1 и Textbox2.
во Label3 да се смести степенување  на вредностите во Textbox1 и Textbox2.
во Label4 да се смести коренување од вредноста во Textbox1 .

 

float i,j;
i = float::Parse(textBox1->Text);                             // текстот внесен во
Textbox1 се претвора во број и се сместува во променливата i
j = float::Parse(textBox2->Text);                             // текстот внесен во
Textbox2 се претвора во број и се сместува во променливата j

label1->Text = String::Concat(i * j);                         // резултатот од множењето на двете променливи i и ј се пресметува, се претвора од број во текст и се сместува во
Label1.
label2->Text = String::Concat(i / j);                         // резултатот од количникот на двете променливи i и ј се пресметува, се претвора од број во текст и се сместува во 
Label2.
label3->Text = String::Concat(pow(i,j));                  // резултатот од степенување  на двете променливи i и ј се пресметува, се претвора од број во текст и се сместува во
Label3.
label4->Text = String::Concat(sqrt(i));                    // резултатот од коренување на  променливата i се пресметува, се претвора од број во текст и се сместува во
Label4.