Константи (клучен збор const)
Досега, многу се занимававме со променливи и како што
имплицира името, променливите секогаш можат да се менуваат. Спротивно од тоа е
константа, се дефинира во C# со клучниот збор const.
Кога декларираме константа, треба веднаш да и доделите вредност и после
тоа, НЕМА да се направат промени во вредноста на оваа константа. Ова е
одлично кога имате вредност што никогаш не се менува и сакате да бидете сигурни
дека таа не е изманипулирана од вашиот код, дури и случајно.
Ќе најдете многу константи во самата рамка -
framework, на пр. во Math class, каде што е
дефинирана константа за Pi:
Console.WriteLine (Math.PI);
Може и да декларираме некои наши константи. Константа може да се дефинира
во опсегот на методот, како што е во следниот пример:
using System;
namespace UsingConst
{
class Program
{
const int a = 10;
static void Main(string[] args)
{
Console.WriteLine(a);
Console.ReadLine();
}
}
}