Java структура за повторување - while

Додека пишувате програма, може да наидете на ситуација кога треба да извршувате акција одново и одново. Во такви ситуации, треба да напишете наредба за повеќе кратно повторување - циклус за да го намалите бројот на редови.

Најосновната наредба за повеќе кратно повторување - циклус во Java е наредбата while. Целта на оваа контролна структура - наредба  е да се извршува изјава или блок со кодови постојано се додека изразот е точен. Штом изразот стане лажен, наредбата завршува.

Графиконот на наредба за повеќе кратно повторување - циклус while изгледа како што следи -

Структура на наредба за повеќе кратно повторување - циклус while

while (uslov) {
   naredbi;     // ke bidat izvrseni ako uslovot e vistina
}
Пример
int i = 0;
while (i < 5) {
  System.out.println(i);
  i++;
}

Java структура за повторување -  Do/While

Структурата за повторување - do while е варијанта на структурата за повторување while. Оваа структура ќе го изврши програмскиот блок на кодови еднаш, пред да провери дали условот е вистинит, потоа ќе се повторува циклично се додека условот е вистинит.

Структура на наредба за повеќе кратно повторување  циклус do-while

do {
  naredbi;     // ke bidat izvrseni ako uslovot e vistina
}
while (condition);
Пример
int i = 0;
do  {
  System.out.println(i);
  i++;
}
while (i < 5);