Променливи

Програмскиот јазик Јава ги дефинира следниве видови на променливи:

  • Променливи на инстанца (нестатички полиња). Кажано со техничка терминологија, објектите ги чуваат своите индивидуали својства вонестатички полиња“, тое е поле кое при декларацијата не е назначено статичко со резервираниот збор „static“. Нестатичките полиња исто така се познати и каопроменливи на инстанцатабидејќи нивните вредности се уникатни за секоја инстанца од класата (за секој објект). Пример, „brzinaна велосипед е независна одbrzinaна друга инстанца од класатаVelosiped“.

 

  • Променливи на класата (статични полиња). Ова е секое поле декларирано со резервираниот збор „static“. Тоа му кажува на компајлерот дека ќе има само еденпримерокод оваа променлива безразлика на тоа колку патиколку) од класата при инстанцирање произлегле објекти, односно нови инстанци. Полето кое го дефинира бројот на брзини на некој тип на велосипед може да биде маркирано како статично („static“) бидејќи тој тип на велосипед безразлика на бројот на инстанци кои ќе произлезат секогаш ќе има ист број на брзини. Кодот:

static int brojNaBrzini = 18;

ќе креира такво статичко поле. Исто така може да се додаде и клучниот збор „finalшто ќе значи дека бројот на брзните е непроменлив.

 

  • Локални променливи. Слично како што објектите ја чуваат својата состојба во полињата (променливите), методите често својата привремена состојба ја чуваат во локални променливи. Синтаксата за декларирање на локалните променливи е слична со декларирањето на полињата. На пример

int brojac = 0;

Нема некој посебен резервиран збор за променливата да се декларира како локална, одредувањето доаѓа од позициката (местото) каде променливата е декларирана (во случајов помеѓу отворената и затворената заграда на методата). Поради тоа локалните променливи се видливи само од методата каде што се декларирани, од друго место од класата се недостапни.

 

  • Параметри. Веќе се сретна со примери за параметри, како во класатаVelosipedтака и во „main“ методата на „Hello World!“ програмчето. Како потсетник за главната (main) методата на:

public static void main(String[] args)

Тукаargs“ е параметар на методата „main“. Битно да се запамти е тоа што параметрите секогаш се класифицираат како променливи, не како полиња. Ова истото важи и за конструктори кои примаат параметри, за што ќе прочиташ во некој следен напис.



Именувањe

Секој програмски јазик има свои правила и конвенции за видовите имиња кои се дозволени за тебе да ги искористиш, програмскиот јазик Јава не е исклучок. Сумирани правилата и конвенциите за именување на варијаблите се:

  • Имињата на променливите се осетливи на големи-мали букви. Име на променлива може да биде секој легален идентификатор, односно, неограничено долга секвенца (низа) од Unicode букви и бројки. Истите можат да започнуваат со букви, знакот долар ($) или со долна цртичка „_“. Сепак, според конвенцијата знакот за долар никогаш не се користи. Можеби при некое автоматско генерирање на код да налеташ на знакот  долар во имињата на променливите, но ти како програмер не би требало да ги користиш во твојот изворен код. Истото се однесува и за долната црта, но исклучок е можноста за користење на карактерот исклучиво како прв карактер во името на променливата, но тоа во пракса и не е толку применето. Празни места во имињата на променливите не е дозволено.

 

  • Кога се именува варијабла, немој да користишкриптичникратенки, именувај ги со целосни зборови, тоа ќе го направи твојот изворен код поразбирлив, како за тебе така и за другите. Со убаво именување на променливите во принцип можеш да си заштедиш и при пишувањето на документацијата, имено доколку самите променливи го даваат полното значење на вредноста за која се наменети. На пример, променливите brzina, tempo i brzinaNaDvizenje се каде каде полесни за паметење и за разбирање од „b“, „t“, „bnd“. Никако несмее да се заборави дека името на променливата несмее да биде клучен или резервиран збор.

 

  • Доколку името на променливата е всушност еден збор, тогаш таа треба да се напише со мали букви. Доколку пак името на променливата содржи два или повеќе зборови тогаш името на променливата започнува со мала буква, а секој нареден збор во името на променливата е со голема буква (без празни места и долна црта или сл.), пример: private int brzinaNaDvizenje = 0; . Сепак и тука има исклучок, доколку променливата е статична и непроменлива (static final), тогаш името на целата променлива е со ГОЛЕМИ БУКВИ и секој збор е одвоен со долна црта „_“. Според конвенцијата, тоа е единствено место каде ќе ја користите долната црта во именување на променливи. Пример:

public static final int MAKSIMALNA_BRZINA = 250;