PHP сопствени функцииФункциите на PHP се слични на другите програмски јазици. Функција е дел од кодот што прави одредена обработка и враќа вредност. Во PHP програмскиот јазик има многу готови функции, но PHP ви дава можност да креирате и свои функции. Постојат два дела при креирање на сопствени функции - Создавање на PHP функција - Повикување на PHP функција Создавање на PHP функција Многу е лесно да креирате своја сопствена PHP функција. Да претпоставиме дека сакате да креирате PHP функција што едноставно ќе напише едноставна порака на вашиот прелистувач кога ќе ја повикате. Следниот пример создава функција наречена pozdrav() и потоа ја повикува веднаш откако ќе ја креирате. Пример 1 <html>
<head> <title>Pisuvanje na PHP Funkcija</title> </head>
<body>
<?php /* sozdavanje PHP Funkcija */ function pozdrav() { echo "Pozdrav do site!"; }
/* Povikuvanje na PHP Funkcija */ pozdrav(); ?>
</body> </html> Забележете дека додека креирате функција, нејзиното име треба да започне со резервираниот збор function и целиот PHP-код треба да се стави во загради { } како што е прикажано на примерот горе. PHP функции со параметри PHP ви дава опција да ги пренесете вашите параметри во функцијата. Може да и дадете на функцијата колку што сакате параметри. Овие параметри работат како променливи во вашата функција. Следниот пример има два параметра цел број, ги собира и го печати резултатот. Пример 2 <html> <head> <title>PHP Funkcija so Parametri</title> </head> <body> <?php function soberi($br1, $br2) { $sum = $br1 + $br2; echo "Zbirot na dvata broja e : $sum"; } soberi(10, 20); ?> </body> </html> PHP функции со параметри/аргументите по референца Можно е да се пренесат аргументите / параметрите на функциите по референца.
Било какви промени направени во аргументот / параметарот во овие случаи ќе ја променат вредноста на оригиналната променлива. Може да дадете на функцијата аргумент по референца додавајќи амперсанд (&) на името на променливата или во повикот на функцијата или во дефиницијата на функцијата. Пример 3 <html> <head> <title>Predavanje na parametar/argument na funkcijata po referenca</title> </head> <body> <?php function dodaj5($br) { $br += 5; } function dodaj6(&$br) { $br += 6; } $poceten = 10; dodaj5( $poceten ); echo "Vrednosta e $poceten<br />"; dodaj6($poceten); echo "Vrednosta e $poceten<br />"; ?> </body> </html> PHP функции што ја враќаат вредноста Пример 4 <html> <head> <title>PHP Funkcija koja vraca vrednost</title> </head> <body> <?php function soberi($br1, $br2) { $sum = $br1 + $br2; return $sum; } $vraten_zbir = soberi(10, 20); echo "Vratena vrednost od funkcijata : $vraten_zbir"; ?> </body> </html> Поставување на
default вредности за параметрите на функциите <html> <head> <title>PHP Funkcija </title> </head> <body> <?php function pecati($param = NULL) { print $param; } pecati("Ova e proba"); pecati(); // $param nema vrednost pri povikuvanjeto na funkcijata ?> </body> </html> |