|
Креирање на
Toolbar (лента со алатки) за сечење,
копирање и лепење на тескт
Прво се подига програмскиот јазик
Delphi
и се прави избор на нова апликација
File->NEW Application..
После поставување на една компонента
Toolbar од
палетата со компоненти Win32
на нашата Форма, со притискање десен клик на истата се појавува мени од кое се
бира додавање на ново копче
(New Button) се поставуваат
3 Buttons. Потоа се додава еден
Richedit од
истата палета со компоненти Win32.
За ставање на слики на копчињата од нашата лента со
алатки се бира опцијата ImageList
од палетата со компоненти
Win32 и се става на нашата Форма, се прави
двоен клик на неа и се појавува
ImageListEditor
Dijalog за бирање слика во кој се притиска
Add (додај), во кој
бираме слика (дозволени слики се од типот
BMP и
ICO) и ако сликата
е преголема тогаШ нуди опција за разделување на сликата на повеЌе парчиња).
Уште останува да ги врземе листата со слики и лентата со алатки што се прави на
следниот начин: се бира нашата лента со алатки и во
Object Inspector
во Properties
се бара Images
и се доделува ImageList1.
На првиот
Button со двоен клик на него му се
додава следниот код:
richedit1.CutToClipboard;
На вториот
Button со двоен клик на него му се
додава следниот код:
richedit1.CopyToClipboard;
На третиот
Button со двоен клик на него му се додава следниот код:
richedit1.PasteFromClipboard;
Истите кодови се применуваат и во
MainMenu (главна
опција -Tekst со подопции Seci,
Kopiraj, Lepi) и со PopUpMenu
(со опции Seci, Kopiraj, Lepi).
Вежбата да се изработи комплетно со се лента со
алатки, MainMenu
и PopUpMenu
!!!
|
|