Креирање на MAINMЕNU (главно мени) и
POPUP (извлекувачко мени)
После поставување на една компонента
MAINMENU од
палетата со компоненти Standard со десен клик
на истата се појавува дијалог
MENUDESIGNER во кој ги пишуваме опциите
на главното мени (опциите се впишуваат во
Properties - Caption).
После поставување на една компонента
од палетата со компоненти
Standard (пример edit, label, button или друга по ваш избор) се става
POPUPMENU
од палетата со компоненти
Standard.
Со десен клик на истата се појавува дијалог
MENUDESIGNER во кој ги
пишуваме
опциите на извлекувачкото мени одвоени со ЕНТЕР (опциите се
впишуваат во Properties - Caption).
Потоа
треба ова POPUPMENU
да го
придружиме на соодветната компонента и тоа се прави со
селектирање на компонентата која сте ја избрале, во
Properties - POPUPMENU
се бира соодветното
POPUP мени кое
го доделувате (во вашата форма можете да имате повеќе popup менија па мора да се
дефинира
кое мени на која компонента кое мени го доделувате).
ВЕЖБА : Да се креира главно мени со неколку опции од MS
Word преведени на Македонски јазик. Да се сместат три компоненти (Edit,
Label, Button )
од палетата со компоненти.
Да се креираат три различни POPUP
менија:
првото мени со опции: сечи, копирај и лепи;
второто мени со опции: дебели, накосени и подвлечени;
третото мени со опции: фонт, боја, големина.
П.С. Менијата само ќе бидат креирани визуелно а бидејќи нема никаков програмски
код креирано позади нив нема да работат ништо... Доколку сакате
барем една од
нив да функционира направете двоен клик на една од опциите и впиШете наредба за
затворање на формата и RUN.