|
Користење на SpeedButton и BitBtn копчиња
Овој тип на копчиња може да се користат како и обичните
копчиња со таа разлика што можат да ја менуваат сликата која се појавува на нив.
Прво се подига програмскиот јазик Delphi
и се прави избор на нова апликација File->NEW Application.
После поставување на три компоненти
SpeedButton1, BitBtn1 и
Image1
од палетата со компоненти
Additional на нашата
форма.
Исто така се поставува и еден OpenPictureDialog1
од палетата со компоненти
Dialogs.
Со притискање на двоен лев клик на SpeedButton1
се оди на процедурата која го опслужува
притискањето на ова копче и се впишува следниот код:
openpicturedialog1.Execute;
image1.Picture.LoadFromFile(openpicturedialog1.FileName);
speedbutton1.Glyph.LoadFromFile(openpicturedialog1.FileName);
Со притискање на двоен лев клик на BitBtn1
се оди на процедурата која го опслужува
притискањето на ова копче и се впишува следниот код :
openpicturedialog1.Execute;
image1.Picture.LoadFromFile(openpicturedialog1.FileName);
bitbtn1.Glyph.LoadFromFile(openpicturedialog1.FileName);Сликa2
|
|