|
Креирање на Toolbar (лента со алатки)
Прво се подига програмскиот јазик Delphi
и се прави избор на нова апликација File->NEW Application.
После поставување една
компонента Toolbar
од палетата со компоненти
Win32 на нашата Форма,
со притискање десен клик на истата се појавува мени од кое се бира додавање на
ново копче (New Button)
кое автоматски добива име
ToolButton1,2,3 ... и.т.н. зависно колку
копчиња сакаме. Доколку сакаме да
додадеме разделница меѓу копчињата, од менито
кое се добива со десен клик на нашиот Toolbar
,
наместо New
Button бираме New Separator (со
ова се прави групирање на копчињата)
.
За ставање на слики на копчињата од нашата лента со алатки
се бира опцијата ImageList од палетата
со
компоненти Win32 и се става на нашата Форма,
се прави двоен клик на неа и се појавува Дијалог за бирање
слика во кој се
притиска Add (додај),
во кој бираме слика (дозволени слики се од типот
BMP и ICO)
и ако
сликата е преголема тогаш нуди опција за разделување на сликата на повеќе
парчиња).
За реализација на вежбата превземете ги следните слики со
лев клик и File -> Save
:
Уште останува да ги врземе листата со слики и лентата со
алатки што се прави на следниот начин: се бира
нашата лента со алатки и во
Object Inspector во
Properties се наоѓа
Images и се доделува
ImageList1.
ВЕЖБА : Да се креира лента со неколку копчиња за цртање
стандардни фигури Delphi при работа со CANVAS
(линија,
правоаголник, круг, текст) и со нивно притискање да се појават фигурите во
компонента Image1 од
палетата со
компоненти Additional.
|
|