POINTERS - ПОКАЖУВАЧИ

ПОКАЖУВАЧИТЕ - POINTER се променливи во кои се складира, сместува мемориска адреса.

Декларирање - пријавување на POINTERS - ПОКАЖУВАЧИ во програмскиот јазик
Паскал се прави на следниот начин:

var
   p: ^integer;
 

Со знакот @ се прави доделување на мемориската адреса на променливата I на покажувачот P.

Пример:

program Pointeri;
 
var
   i: integer;
   p: ^integer;
 
begin
   p := @i;
end.
 

Пример за аритметички операции врз поинтер:

program Pointeri;
 
var
   i: integer;
   p: ^integer;
 
begin
   i := 1;
   p := @i;
   p^ := 2;
   p^ :=p^+2;
   p^ :=p^*3; 
   writeln(i);
end.

Пример за работа со поинтери со наредбите NEW и DISPOSE:
Со функцијата NEW(p) се доделува нов мемориски простор на покажувачот p,
а со функцијата
DISPOSE(p) истиот се ослободува.

program Pointeri;
 
var
   p: ^integer;
 
begin
   new(p);
   p^ := 3;
   writeln(p^);
   dispose(p);
end.