Контролна структура (наредбa) за ЦИКЛИЧНО ПОВТОРУВАЊЕ

                                    -  REPEAT UNTIL -


Основни облици на оваа наредба се:

repeat
    наредба1;
    наредба2;
until услов
;

Кај оваа контролна структура (наредбa) за ЦИКЛИЧНО ПОВТОРУВАЊЕ -  REPEAT  UNTIL
е специфично тоа што прво  се извршуваат наредбите од циклусот  а потоа  се проверува
условот , за разлика од контролната структура (наредбa) за
ЦИКЛИЧНО  ПОВТОРУВАЊЕ   
WHILE DO
каде прво се проверува условот а потоа ако е исполнет условот се извршуваат
наредбите.


Пример:

program Ciklus;
 
var
   i: Integer;
 
begin
   i := 0;
   repeat
      i := i + 1;
      Writeln('Zdravo');
   until i = 10;
end.